Консолидација на софтверот
Поради незадоволителни резултати во работењето софтверското одделение на VW добива ново раководство
Извршниот директор на групацијата VW, Оливер Блуме, го назначи шефот на производството на Bentley, Питер Бош, за да го „репрограмира“ проблематичниот софтверски оддел Cariad.

Негова задача е да го реструктуира Cariad, да најде нови партнерства со технолошки компании, а исто така ќе ја прошири соработката за автономно возење на VW Group со Mobileye на Intel. Оваа промена е првиот голем потег за реструктуирање откако Блуме стана извршен директор на VW Group во септември минатата година.
Cariad го надмина својот буџет и не ги исполни целите, поради што лансирањето на електричниот Porsche Macan и новиот Audi Q6 e-tron мораа да бидат одложени. Двете ЕВ се клучни модели за стратегиите за електрификација на двете марки за да конкурираат на Tesla. Porsche и Audi се пожалија дека Cariad е премногу тесно испреплетена со нивните развојни процеси што предизвикува внатрешни несогласувања и одложувања на проектот.
Софтверското одделение, исто така, направи значајни софтверски пропусти кај електричните модели VW ID. Смената на кормилото на Cariad ќе се случи во јуни, а ќе бидат донесени нов главен директор за технологија и шеф за финансии. Планираното лансирање на структурен софтвер за автомобили во целата групација, првично дизајниран да овозможи четврто од петте нивоа на автономно возење од 2026 година, е одложено за две години. Cariad вработува 6.000 луѓе на глобално ниво.


