Фабриката во Цвикау го произведе милионитото електрично возило
Пет ипол години по трансформацијата во центар за производство на електрични возила, фабриката на Volkswagen во Цвикау ја напушти милионитиот примерок. Во неа во моментов се произведуваат шест електрични модели на групата меѓу кои и Volkswagen ID.3 каков што беше јубилејниот автомобил. Но додека работниците го славеа успехот раководството сепак го дочека со кисела насмевка – пониската заработка од очекуваната и намалениот интерес на купувачите за електричните возила им создава главоболки. И тоа не мали – во продажниот микс на Volkswagen секое петто возило е електрично заради што оперативната маржа на групата за првиот квартал се намали на 4 проценти а профитот за 40 отсто. Компанијата сепак не се откажува од зацртаниот електричен пат и идната година ќе навлезе во сегментот возила со цена под 25 илјади евра.


