Идната година на пазарот ќе дојде новиот VW Transporter со електрични, приклучни хибриди и дизел погонски единици
Огранокот за комерцијални возила на VW ги објави првите информации за идниот Transporter. Како што бива за модел кој допрва ќе биде претставен, а испораките ќе започнат вгодина, фотографиите се од прототип чија каросерија е камуфлирана. Новата генерација на комбиња со средна големина ќе ја подели комерцијалната стратегија на VW за неговите комбиња со средна големина, кои претходно беа базирани на една платформа. VW и Ford имаат широко индустриско партнерство кое вклучува лесни комерцијални возила и целосно електрични патнички автомобили.
Во иднина Transporter и Caravelle ќе се засноваат на платформите на Ford и ќе доаѓаат со целосно електрични, plug-in хибридни и дизел погонски единици. И двата модели ќе ги произведува Ford во својата фабрика во Турција, заедно со Ford Transit Custom со кого се технолошки близнаци, додека T7 Multivan ќе продолжи да се произведува на платформата MQB во фабриката на VW во Хановер. Transporter ќе се натпреварува со комерцијални комбиња од средна големина каде конкурентите веќе имаат целосно електрични варијанти. Електричните верзии на Transporter ќе бидат достапни со две големини на батерии од 54 и 83 kWh. Електричното комбе ќе доаѓа со избор на четири моќности помеѓу 114 и 282 КС. Лансираните верзии ќе бидат со погон на задните тркала, а верзијата со погон на сите тркала е планирана за подоцна.
Приклучниот хибриден погон ќе го спои 2,5 литарскиот бензински мотор на Ford со електричен мотор од 150 КС и батерија од 16,5 kWh. Предвидената цена во Германија ќе започнува од 55.257 евра со вклучен ДДВ. Дизел верзиите ќе имаат дво литрен мотор со три верзии и моќност од 108 до 168 КС и, како и до сега, опција за погон на сите тркала. Новата генерација на Transporter со стандардно меѓуоскино растојание е долга 5.050 мм, што е зголемување на каросеријата за 146 мм во споредба со сегашниот модел. Верзијата со продолжено меѓуоскино растојание е долга 5.450 мм. VW и Ford се партнери во низа проекти за комерцијални возила, а нивното партнерство ќе резултира со производство на осум милиони комерцијални возила.