Eвропеец со бразилски корен
Новиот суб-компактнитен кросовер ги засилува теренските позиции
објавено 30. март 2021
Пред официјалната премиера која треба да се одржи летово објавени се првите скици и цртежи на кросоверот кој формира свој сегмент. Кои конкуренти ќе влезат во сегментот CUV (Crossover Utility Vehicle) ќе покаже времето. Taigo е наменет да ја надополни гамата на мали кросовери и да импресионира со својот емотивен дизајн, како и многу системи за асистенција и современа поврзаност. Покрај тоа, понудени се TSI мотори, стандардни LED фарови и целосно дигитален кокпит. Taigo се базира на бразилскиот модел Nivus и ќе се произведува за европскиот пазар во фабриката во Памплона во Шпанија. Лансирањето на пазарот е закажано за крајот на годинава.



