Не помина ни половина година откако беа објавени првите информации за соработка, а Volkswagen и Rivian веќе формираа заедничка компанија со седиште во Силиконската долина во Калифорнија. Во неа тие ќе имаат подеднакво учество и ќе вложат вкупно 5,8 милијарди долари. Стратешки размислувајќи, се договорија за сеопфатно партнерство за создавање платформа за електрични возила од наредната генерација и софтвер за нив.
Целта како и секогаш се намалувањето на трошоците, кратењето на времето за развој и подобрувањето на перформансите. Првите возила кои ќе ги искористат плодовите на оваа соработка се очекуваат во 2027 година. Со овој потег Volkswagen ќе ги намали своите проблеми бидејќи неговата сопствена дивизија Cariad не ги оправда очекувањата доцнејќи со развојот и финото подесување на софтверот.
Токму заради тоа и лансирањето на електричниот Porsche Macan беше одложено за цела година. Rivian пак кој е пред сериозен предизвик заради големите трошоци ќе го олабави финансискиот притисок на своето работење што ќе го олесни воведувањето на идните нови модели во производство. Што ќе значи ова најдобро говори податокот дека компанијата во просек губи по 40 илјади долари на секое продадено возило.