VW Made in Turkey станува реалност

VW Made in Turkey станува реалност

Објавено на 3 октомври 2019 година

Ништо уште не е докрај сосема официјално, но веќе е извесно дека новата фабрика на VW ќе биде во Турција. Тоа го наговестува формирањето на новата компанија Volkswagen Turkey Otomotiv Sanayi ve Ticaret AŞ со основачки капитал од 943,5 милиони турски лири, односно околу 150 милиони евра. Нејзиното седиште е во областа Маниса, во близината на Измир. Со тоа германската компанија го трасира патот на инвестицијата вредна милијарди евра која ќе вроди со нова фабрика. Во неа за разлика од поранешните информации треба да се произведуваат Passat и Superb од новите генерации, со цел ослободување на капацитетите во Емден и Квасини за други проекти.

Но додека скоро ништо од ова сé уште не е потврдено од страна на Германците, турските државни органи официјално известуваат дека матичната компанија веќе има уплатено четвртина од основачкиот капитал на новоформираното друштво. Остатокот ќе биде уплатен  во наредните две години. Како негова дејност се наведуваат конструирање, производство и монтажа на автомобили, камиони и други возила. Сепак според еден неименуван член на управниот одбор на Volkswagen иако одлуката е блиску, дефинитивно ништо не е донесено. Според неговата изјава преговорите се во завршна фаза од која ќе зависи дали во Турција навистина ќе никне 123-тата фабрика на Volkswagen во светот. Во неа треба да се вработат 5.000 луѓе и да има капацитет за 300.000 возила годишно, главно наменети за пазарите од Блискиот Исток и Русија.

Volkswagen интензивно истражуваше повеќе локации за изградба на нова фабрика во Источна Европа. Покрај Турција како потенцијални дестинации за својата инвестиција беа разгледувани Бугарија и Србија, а во еден момент се споменаа и Романија и Македонија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER