VW ID Every 1 – Народното ЕВ доаѓа во 2027

VW меѓу првите влезе во електромобилноста, но немаше евтино возило. Сега забрзано работи тоа да го смени.

Електричните автомобили во иднина нема да бидат елитистичка приказна. Тие ќе станат достапни за широките народни маси.

Тоа го порачува производителот чие име значи „народно возило“, но кога станува збор за електромобилноста VW одамна се одметна од народот и се сврте кон оние со длабок џеб.

Дојде време повторно да се врати кон народот, а со концептот ID Every 1 управата во Волфсбург покажува дека сериозно е посветена на таа кауза. Со должина од 3,88 метри концептот е помал од актуелното Polo, но дизајнерите ветуваат дека внатрешниот простор ќе одговара на него.

Една од тајните на вселенската ефикасност е новата платформа MEB на VW со погон на предните тркала. Ќе има мал електричен мотор поставен на предната оска кој ќе генерира 95 КС со ограничена максимална брзина на 130 км/ч. Сè уште нема детали за големината на батеријата, но таа би требало да биде помала од 40 kWh и да овозможи автономија од 250 км.

Тоа не звучи многу, но веројатно е доволно поради градската намена на Every1 и е клучна за достапната цена која би била за 45% од најевтиниот ID.3. Во кабината ќе биде воведен нов, поробустен, дизајнерски јазик  што формира едноставна форма која создава впечаток на ширина и прави да изгледа скапо.

Забележливи се многу физички копчиња на воланот и централниот дел од контролната табла. Неофицијално се дознава дека ќе се користи софтвер изработен од Rivian. Уште две години нѐ делат од реалната средба со VW ID Every 1.

VW најави дека ќе објави уште една смотра на неговото „Electric Urban Car Family“ на есен и дека нема да биде единствениот бренд од групацијата што ќе има достапен ЕВ.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER