Завршнитe тестирања во Европа
Само две седмици пред светската премиера ID.Buzz го прокрстари Стариот континент!
објавено 23. февруари 2022 година
Од претставувањето како концептот BUZZ1 на меѓународниот саем за автомобили во Детроит во јануари 2017 година каде предизвика одличен прием на публиката до сериски модел патот траеше пет години напорна работа. Во моментов, пред продукциската флота е на турнеја низ Европа. Ова се последните тест возења во секојдневни услови меѓу Барселона, Париз, Лондон, Амстердам, Копенхаген, Хамбург и Хановер. Терминот на промоцијата е закажан за 9-ти март, а продажбата во Европа ќе започне шест месеци подоцна. ID.Buzz се базира на Модуларен електричен погон (MEB) на групацијата Volkswagen, опремена е со високонапонска литиум-јонска батерија која обезбедува бруто-енергетска содржина од 82 kWh (нето 77 kWh). Батеријата го храни електричниот мотор од 150 kW кој е интегриран и ја движи задната оска. Максималната брзина е електронски ограничена на 145 km/h додека официјални бројки за опсегот сè уште не се достапни. Електричниот мотор го создава својот максимален вртежен момент од 310 Nm практично од самото стартување. Покрај тоа, возилото има многу низок центар на гравитација, бидејќи батеријата се наоѓа во подот на возилото, што помага при возењето и управувањето. Со повеќе детали по неговото лансирање.


