VW – ID 6 Премиера

насловна Новитети

Грмотевица од Кина

На саемот во Шангај премиера на првиот електричен кросовер на VW

објавено 19. април 2021

Најавен со стратегијата за електрификација, денес на сцена стапи новиот кросовер од семејството на возила на струја. ID 6 е долг 4,88 метри и со тоа е за 30 сантиметри повеќе од ID 4 и нуди простор за трет ред седишта. Возилото во формат на Touareg има домет до 588 километри во кинескиот мерен циклус, а верзијата со погон на сите тркала има моќност од 305 КС. Електричниот џип спринтa од 0 до 100 км на час за 6,6 секунди додека максималната брзина е намалена на 160 км на час. Со помалата батерија од 58 kWh, ID 6 може да помине до 436 километри. Командите се без копчиња и прекинувачи и се базира на дванаесет инчен дисплеј на допир и природна контрола на гласот „Hallo ID“. Тесна светлосна лента под шофершајбната го поддржува возачот на интуитивен начин. ID 6 се произведува во двете кинески фабрики во Антинг и Фошанг и првично е наменет исклучиво за локалниот пазар. ID.6 ќе се нуди во изведба Х и во верзија со погон на сите тркала со ознака Crozz.