Електрификацијата ги направи автомобилите скапи и недостапни за повеќето купувачи. Тоа се должи на високата цена на батериите. Со своите вложувања во сопствени капацитети за правење на батерии VW отвора ново поглавие во својата историја. Моделите од електричната понуда на волфсбуршкиот гигант со ознака ID чинад повеќе од 40.000 евра па не чуди што Volkswagen, чие име значи „Народно возило“ се одалечи од народот. Новиот шеф на компанијата, Томас Шефер, тоа сака да го смени и да ја врати марката на корените. Минатата недела тоа го покажа на дело со студијата ID.2all.


