VW Group – Го забрзува преминот на електрични возила

Нов пет годишен план

Раководството на VW ќе го зголеми производството на БЕВ со новиот пет годишен инвестициски план.

Volkswagen Group ќе ја забрза својата промена кон електричните автомобили и ќе ја обнови својата софтверска стратегија во петгодишниот инвестициски план претставен од раководството пред надзорниот одбор.

Состанокот беше планиран за минатиот ноември, но беше откажан откако шефот на Porsche, Оливер Блуме, го наследи Дис како извршен директор на VW Group минатата есен. Блуме ги ревидира стратешките планови откако ја презеде функцијата за да ги рационализира операциите, спротивно на Дис, кој беше познат по амбициозните планови, но критикуван поради недостиг на нивно извршување.

Групацијата VW составена од брендови што припаѓаат во премиум сегментот Audi и Porsche и од масовното производство VW и Škoda сака да ја унапреди софтверската стратегија која се соочува со недостатоци, доцнења и пречекорувања на буџетите. Шефот на брендот VW Томас Шефер уште пред два месеци најави дека одлуката за  изградба на нова фабрика за електричниот седан Trinity членовите на надзорниот одбор треба да ја донесат овој месец.

Во соопштението на VW не се наведува дали планот изготвен под водство на поранешниот извршен директор Херберт Дис ќе продолжи да се применува или производството на новиот модел ќе се одвива во главна фабрика во Волфсбург. Една од темите на дискусија е кои нови модели би можеле да се произведат во фабриката на VW во Хановер по завршувањето на производството на VW Bus 6.1.

Во неа би можело да се произведува нов модел на Porsche. Синдикатот на фабриката во Хановер стравува дека 1.000 работни места би можеле да бидат загрозени доколку таму нема да се изработува нов модел. Портпаролот на работниот совет ги негираше шпекулациите велејќи дека работните места во Хановер се загарантирани според договорот до 2029 година велејќи дека ќе има одржливо решение за Хановер.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER