VW Golf – Variant и Alltrack

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Повеќе простор и проодност

Само неколку недели по претставувањето на иконскиот GTI, лансирани се практичниот Golf Variant и атрактивниот Alltrack

Осмата генерација на Golf скоро и да е комплетирана. Се уште не е познато дали воопшто ќе се појави кабриолет верзијата, но затоа останатите се веќе тука. Од 1993 година кога дебитираше караванската каросерија импресионираше повеќе од три милиони купувачи што го прави одличен семеен автомобил. Од друга страна пак спортско-корисните возила се во голем подем а со нив и оние кои имаат приближен изглед и перформанси. Тука на сцена стапува изведбата Alltrack која е повисока, има погон на сите тркала и способност да повлече приколка тешка два тона. Двете каросерии се каравански, поставени на меѓуоскино растојание од 2.686 мм и ги делат димензиите со 4.633 мм должина. Се разликуваат по изгледот на светлата за магла. На располагање се TSI мотори кои се впарени со седум степена автоматика со двојна спојка, застапена е хибридната технологија преку 48V стартер-алтернатор и TDI мотори со двојно впрскување на AdBlue адитивот што ги прави најчисти дизели на денешницата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER