VW – автономно возење

Поглед во иднината

ID.BUZZ носи автономија

Првиот Volkswagen што автономно ќе се движи

објавено 05. март 2021

Бордот на VW дозволи на гранката за комерцијални возила да развива истражување и развој на автономно возење. Покрај електрификацијата ова ќе биде императив за иднината на мобилноста. Честа да ја понесе новата технологија ќе му припадне на ID.BUZZ чија премиера е закажана за следната година. Развојот е забрзан, не само за да се електрифицира иконскиот Bulli, туку и да се трансформира во револуционерно автономно возило. Поради тоа VW се подготвува за воведување на автономните системи во комерцијалните возила во употреба до 2025, а за оваа година најавено е првото тестирање во сообраќај на овој тип возила по патиштата низ Германија. Како дел од соработката помеѓу Ford Motor Company и VW, инвестирани се една милијарда долари во Argo AI, компанија специјализирана во софтверски решенија за автономно возење. Volkswagen исто така ја внесе својата подружница за развој на автономно интелигентно возење. Покрај инвестицијата во Argo AI, групацијата исто така планира да инвестира и во Car.Software Organisation која независно развива асистирани и автоматизирани функции за возење до ниво 4 за секторот за приватна мобилност од сите брендови на групацијата Volkswagen.