VW – 45 години Golf GTI

Вести

Во чест на GTI

Во летото 1976 година VW го лансира легендарниот GTI на пазарот.

објавено 01. март 2021

Никој во тоа време не се сомневаше дека моделот ќе се развие во најуспешниот компактен спортски автомобил во светот. Првично беа планирани да се произведат само 5000 примероци кои до денеска не прекинаа да се произведуваат и бројат повеќе од 2,3 милиони! Volkswagen сега го слави 45-тиот роденден со специјалниот модел Golf GTI Clubsport 45, ексклузивно издание со 300 коњи! Надворешните спортски карактеристики вклучуваат зголемени влезови за воздух. Моделот Edition има црно обоен покрив со црн спојлер на работ на покривот како почит кон црниот врамен прозорец на првиот Golf GTI.

Ексклузивни се и црно-сјајните 19-инчни алуминиумски тркала со тенок запис во црвена боја, додека компоненти на стандардниот „Тркачки пакет“ се спортски издувен систем Акраповиќ и одобрување на крајната брзина електронски ограничена на 250 км на час. Претпродажбата на VW Golf GTI Clubsport 45 започнува денеска со основна цена од 47.790 евра во Германија.