Време на изненадувања
Го очекувавме Partner, ама германскиот близнак на Citroen Berlingo беше побрз
Објавено на 20 февруари 2018 година
Дојде време за нова генерација на Opel Combo. Времето всушност одамна му дојде, ама сега новиот Combo навистина е нов. За разлика од досега, како што беше најавено тој е брат-близнак на Citroen Berlingo и Peugeot Partner кого сé уште го очекуваме. Нема никакви допирни точки ниту со досегашниот Combo кој беше ребрендирана верзија на Doblo, ниту пак со претходниот од кој Opel се откажа во 2011-тата. Ги има истите карактеристики како и Berlingo, од кој се разликува по типичниот Opel-ов дизајн. Механиката во целост е идентична – EMP2 платформата со две должини од 4,4 и 4,75 метри кои овозможуваат верзии со 5 или 7 седишта. Ниту во внатрешноста не се забележуваат некои значајни разлики – нив ќе треба да ги побараме во спецификациите за опремата кога ќе се појави на пазарот.
Според сето наброено, најголемата разлика што се забележува во овие први информации е недостатокот на најмалиот дизел кај Combo – за разлика од Berlingo, во него нема да се најде верзијата со 75 коњски сили. Другите мотори – бензинците од 110 и 130 и дизелите од 100 и 130 коњски сили остануваат.