Volvo го враќа XC70 но тој нема да биде она што го знаеме
Моделот сега е базиран на истата архитектура што ја имаат Lynk & Co 07 и 08 и ќе биде како што велат Швеѓаните приклучен хибрид со продолжена автономија.
За жал неговите можности ќе можат да ги запознаат само Кинезите. Никакви планови за настап на други пазари не се споменуваат. Дизајнерски е изведен во сличен стил како поголемиот ES90 а неговите креатори останаа воздржани со објавувањето на техничките детали.
Од сродноста со кинеските модели сепак може да се заклучи дека ќе има 1,5 литарски бензински агрегат но не е јасно дали тој ќе го движи возилото или само ќе произведува струја за електромоторите.
Потврдена е електрична автономија од 200 километри, а продажбата ќе му стартува пред крајот на годинава.


