Volvo Trucks – Безбедноста е императив

Заштитата на сите учесници во сообраќајот, особено на најранливите категории, е приоритет за Volvo Trucks

Како пешаци, велосипедисти па и возачи на автомобили, заради наша незапознаеност често ги потценуваме проблемите што камионџиите ги имаат, посебно во грижата за безбедноста. За среќа на сите нас производителите на камиони меѓу кои предничи Volvo, развиваат системи чии придобивки се неоспорни.

Најновиот таков пакет кој доаѓа од Шведска содржи неколку решенија за клучните аспекти на безбедноста во камионскиот сообраќај, со примарен аспект на најранливите категории учесници во него. Директно или индиректно придонесувајќи инцидентите и последиците од нив да се сведат на минимум, тие ќе станат дел од камионската флота на Volvo пред законодавците да пропишат нивно задолжително користење.

Можеби најзначаен е системот кој ги детектира пешаците и велосипедистите во ризичната инаку за возачот на камионот тешко видлива зона пред возилото. Тој со помош на радар и камера визуелно и звучно алармира ако постои непосредна опасност по безбедноста.

Друг таков систем кој работи на сличен принцип е предупредувањето при отворање на вратите на камионот доколку некој се приближува одзади. Ова се само дел од решенијата кои Volvo Trucks континуирано ги развива и воведува за подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Стручњаците проценуваат дека вакви пакети сигурносни системи вградени во камионите би можеле во претстојните деценија ипол да спасат повеќе од 25.000 животи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER