Volvo со нов бренд кој нема да му се допадне на BMW

Volvo со нов бренд кој нема да му се допадне на BMW

Една буква, многу проблеми
Објавено на 5 јули 2018 година

Volvo реши да лансира нов бренд чие име нема да му се допадне на BMW бидејќи изборот на Швеѓаните е – M. Таа ознака е избрана бидејќи со овој бренд Volvo сака да стави фокус на мобилноста, што значи дека шведското и германското M нема да бидат конкуренти. Сепак, не сме сигурни како ќе реагираат во Минхен, ниту пак како во Гетеборг мислат да го изведат тоа бидејќи BMW повеќе од сигурно ја има заштитено оваа ознака.

Не е прв пат Volvo да влезе во конфликтни ситуации со ознаките на своите модели. Почетокот на претходната голема промена на гамата беше означен со моделот S4, на чија ознака бурно реагираа од Audi, заради што беше преименуван во S40. Караванската верзија требаше да носи ознака F4, но бидејќи Ferrari веќе го имаше F40, на крај заврши како V40.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER