Volvo сериозно се посвети на електриката

Volvo сериозно се посвети на електриката

Не само автомобили, туку и електрични камиони и автобуси се во фокусот на вниманието на Швеѓаните
Објавено на 18 април 2018 година

Volvo Trucks го претстави својот прв електричен камион. Базиран е на серијата FL која е наменета за дистрибуција во урбани средини и комунални дејности и има вкупна дозволена тежина од 16 тони. Го задвижуваат електромотори кои произведуваат 185 киловати и 425 њутн-метри, кои ја обезбедуваат струја од литиум-јонските батерии. Може да ги има меѓу две и шест во зависност од барањата, со капацитет од 100 до 300 kWh. Трансмисијата му е двостепена, а максималната автономија му изнесува 300 километри. За полнење на брз полнач се потребни час до два, но на обичен штекер камионот ќе биде врзан со кабел цели 10 часа. Volvo FL Electric во продажба ќе се најде идната година.

Иако имаат исто име, производителите на автомобили и камиони Volvo Cars и Volvo Trucks се две сосема одделни компании.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER