Volvo Open Doors викенд во Скопје

Македонија

Volvo Open Doors викенд во Скопје

Запознајте се со сите автомобили на Volvo и направете тест-возење на вашиот омилен модел

Објавено на 15 октомври 2019 година

Оваа сабота од 10 до 17 часот сите заинтересирани за автомобилите на Volvo ќе можат да бидат дел од Open Doors викендот. Токму во сабота, за првпат пред домашната јавност ќе биде претставен новиот S60, а покрај него и сите останати модели на шведскиот бренд. Вратите на новиот Volvo центар во Скопје ќе бидат отворени за сите посетители и љубители на брендот, а тимот за продажба на Volvo Cars ќе ги пречека подготвен со сите информации кои би можеле да ги интересираат. Воедно настанот ќе биде можност за секој од посетителите да направи тест-возење кое треба да го закаже најдоцна до четврток на телефонскиот број 02 6159 800 или на https://volvocars.mk. Сите информации за настанот во сабота можете да ги пронајдете на следниот линк.

клучни зборови: