Volvo Freedom to Move

Занимливости Македонија

Volvo Freedom to Move

Северни птици-преселници пристигнаа во Македонија

објавено на 21 мај 2019 година

Важно известување за соите љубители на шведските автомобили – Volvo Freedom to Move караванот веќе е во Македонија. Тој ќе биде присутен кај нас од денеска од пладне до четврток до 18 часот на платото пред Скопје Сити Мол од страната на Плеј Кафе, каде ќе биде изложен најпродаваниот модел во моментот Volvo XC40, а за посетителите и потенцијалните клиенти во текот на сите три дена ќе бидат достапни за тест возење сите модели на Volvo кои се достапни на пазарот, и тоа во сите изведби. Ги наведуваме: V40 D2 Inscription, XC40 D3 A Momentum, XC40 T3 Intro, XC60 D4 A AWD Momentum, S90 D3 A Business, S90 D4 A R-Design, S60 T5 A R-Design, V60 CC D4 A Momentum, V60 D3 A Momentum и XC90 D5 A AWD Inscription. Сите посетители можат да закажат тест-возење и на лице место, но онлајн на https://www.volvocars.com/mk/freedom-to-move каде можат да се најдат и сите дополнителни информации за оваа кампањата на Volvo. Треба да се напомeне и дека за првпат ќе имаат можност да се запознаат со новите модели S60 и V60 CC кои ќе бидат во продажба во нашата земја веќе од следната недела.

клучни зборови: