Помалиот брат на EX90
Уште не е слегната прашината околу претставувањето на ЕХ90, Volvo не „наложи“ за следната премиера што ја подготвува за вгодина.
Пред еден месец, Volvo го лансираше својот електричен предводник EX90, отворајќи ново поглавје во иднината на компанијата. Во таа пригода извршниот директор на Volvo, Џим Руан, ја заврши својата презентација со „Велигденско јајце“ во форма на намалена силуета од EX90 со испишано во позадина 2023. Почнаа шпекулациите како би можел да изгледа идниот кросовер, но повеќе од сигурно е дека ќе биде намалена верзија на знаменосецот. Швеѓаните сакаат бргу да ја прошират својата EX линија на електрични кросовери со цел да ја зголеми глобалната продажба над границата од 1,2 милиони ЕВ.
Шведскиот бренд ќе го произведува EX30 во Кина за да го направи економски поисплатлив. Претстојниот електричен кросовер треба да стане најпродаваниот модел во палетата на Volvo како клуч за достигнување на 1,2 милиони продадени електрични возила до 2025 година. За да го одржи помалиот кросовер што е можно попристапен, Volvo ќе го произведува во една од своите фабрики во Кина и ќе понуди неколку опции за батерии за да ја намали влезната цена за оние на кои не им треба највисокиот опсег. Интересно е што Volvo таргетира млади купувачи. За да им помогне да си го дозволат EX30, Volvo ќе го искористи својот претплатен систем наречен Care од Volvo. Најкраткото време на договорот е три месеци, но компанијата смета дека луѓето ќе сакаат да ги продолжат своите услови за многу подолго. Ова се заснова на досегашното искуство на Volvo со програмата. Стратегијата за ЕХ30 е направена, само не се споменува колку би чинел и кога ќе биде промовиран.


