Наскоро нов Volvo центар во Македонија

Наскоро нов Volvo центар во Македонија

Премиум АГС има интересни новости

Објавено на 8 март 2019 година

На неформална средба со медиумите, тимот на увозникот за Volvo за Македонија, Премиум АГС, извести за своите тековни и идни активности. Така љубителите на шведските автомобили веќе можат во живо да се запознаат со новиот V60, кој е додаден во гамата тест возила. Овој модел на нашиот пазар веќе се продава по цена од 47.300 евра со дизелски агрегат и моќност од 150 коњски сили.  Бескомпромисниот дизајн и изработка се веќе препознатливи за Volvo, а со него се добиваат најновите технолошки остварувања на брендот. Високиот степен на можности за персонализација ќе задоволи сечиј вкус.

Од Премиум АГС соопштија и дека изградбата на новиот Volvo центар е во завршна фаза и наскоро ќе го најават датумот на официјалното отворање на првиот салон на марката кај нас изработен според светските стандарди на Volvo. Со ова, Македонија конечно ќе добие рамноправно место на светската мапа на Volvo Cars и ќе ги пречека потенцијалните клиенти во ултра-модерни простории дизајнирани специјално за овој премиум бренд. Потсетија и дека сé уште е со важност повикот кон сите сопственици на Volvo автомобили да ги посетат и да добијат бесплатен преглед и компјутерска дијагностика, како и да се запознаат со нивниот нов Volvo сервисен советник.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER