Volvo – По 25 години повторно погон на задните тркала

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Новата моделска година со подзаборавен зачин

Во средината на април треба на пазарот да пристигнуваат обновените C40 и XC40 Recharge Pure Electric

Тандемот електрични компаквни кросовери на Volvo во портфолиото на марката го враќаат погонот на задните тркала, решение кое четвртина век беше во фиока. Заедно со оваа добра вест пристига уште една. Втората генерација електричен мотор со постојан магнет развиен од Volvo Cars за прв пат се користи на задната оска. За оваа прилика понудени се две варијанти на моќност, за почетниот модел 175 kW (238 КС) во комбинација со високонапонската батерија од 69 kWh.

Таа со подобрената ефикасност на ладење за Volvo XC40 Recharge Pure Electric овозможува опсег до 460 километри според циклусот WLTP. Дометот на Volvo C40 Recharge со еден мотор се зголемува од 438 на 476 километри. На станиците за брзо полнење од 150 kW, потребни се околу 27 минути за полнење од 10 до 80 проценти. Во комбинација со поголемата батерија од 82 kWh, на задната оска се користи електричен мотор од 185 kW (252 КС).

На тој начин, Volvo XC40 Recharge Pure Electric поминува до 515 километри, а неговиот пандан Volvo C40 до 533 километри. За новата моделска година варијантата со погон на сите тркала исто така има корист од нови погони и подолга автономија. Наместо електричните мотори од 150 kW на двете оски, сега има нов Асинхрон електричен мотор од 110 kW на предната и на задната оска електричен мотор со постојан магнет од 190 kW развиен во куќата. Во комбинација со батеријата од 82 kWh и подобреното ладење, опсегот на Volvo XC40 Recharge Twin Motor AWD се зголемува за 62 километри и сега е деклариран до 500 километри.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER