Volvo порачува » Зимата може да започне!

Македонија

Зимата може да започне!

Со секој купен Volvo автомобил до крајот на годината, купувачите добиваат гратис сет зимски тркала

Објавено на 12 ноември 2019 година

Пред самиот почеток на законската обврска за задолжителна зимска опрема кај возилата, од Volvo Cars Македонија пристигнаа убави вести за сите потенцијални купувачи. Имено, секој Volvo автомобил кој ќе биде купен до крајот на оваа календарска година ќе биде испорачан со вклучен бесплатен сет оригинални Volvo зимски тркала со зимски пневматици и алуминиумски фелни. Зимските тркала на Volvo ги имаат сите највисоки сигурносни стандарди и обезбедуваат најдобра контрола на автомобилот. Сетовите на тркала се обликуваат така што врвните брендови за пневматици се монтираат на оригиналните алуминиумски фелни од Volvo со што се добиваат најдобрите возни својства во текот на зимата.

Понудата важи за сите автомобили од серијата 40, 60 и 90, а е зачинета и со веќе актуелната услуга Volvo Cars Finance – финансирање скроено по мерка на клиентот. Каматната стапка е фиксна (4,5%), а отплатата може да се врши и до 7 години.

клучни зборови: