Volta Trucks – DB Schenker

Вести насловна

Електричен сојуз

Најголемата европска логистичка компанија се врти кон струјата

Англискиот производител на електрични камиони Volta Trucks објави дека е потпишан договор со DB Schenker кој нарача 1.470 електрични камиони. Тие се  од типот Zero и ова е досега најголемата нарачка за испорака на целосно електрични камиони во Европа. DB Schenker е во поодмината фаза на тестирање на прототипи од Volta, а резултатите од експлоатацијата во реални услови ќе се сумираат во пролет и лето. Добиените податоци ќе бидат имплементирани во сериското производство, кое е планирано за крајот на 2022 година.

Возилата ќе се произведуваат во поранешната австриска фабрика на MAN во Штајр. Целосно електричниот камион од 16 тони има опсег од 150 до 200 километри и централно поставено возачко седиште. Во врска со ниската возачка кабина, според производителот, е овозможен поглед од 220 степени, што го олеснува гледањето особено на велосипедистите и пешаците. Volta Zero се користи во областа Рур и во другите европски терминали на DB Schenker за транспорт на стоки од дистрибутивните центри до центрите на градовите и урбаните области. Како дел од партнерството, заеднички ќе се развиваат и спецификациите за претходно најавената варијанта од 12 тони.