Дефиниран животниот век на бензински и дизел возила на VW
Volkswagen како марка од 2033 година во Европа ќе произведува само електрични возила, најави шефот на компанијата Томас Шефер. Со зборовите „направи помалку, ама подобро” тој истакна дека транзицијата кон чисто електричен погон стана поамбициозна и ќе се оствари две години пред рокот. Во краткорочните планови на VW, пак, до 2026-тата е зацртано лансирање на 10 нови електрични модели, меѓу кои и еден помал модел кој компанијата ка да го продава за помалку од 25.000 евра. Тој ќе има две варијанти – хечбек и кросовер за кои се очекува да ги носат ознаките ID.1 и ID.2. Претходно, односно веќе идната година ќе биде освежен ID.3, а интензивно се работи и на негова кросовер верзија. Паралелно со активностите, ќе се намалува и бројот на модели во понудата со цел да се зголеми профитната маржа за која се очекува веќе до 2025 година да достигне 8 отсто.


