Volkswagen стартуваше со продажба на својот најголем и најмоќен електричен кросовер
Ја има ознаката ID.Unyx 08 и е развиен заеднички со XPeng а ќе се произведува во партнерските погони на Volkswagen и JAC. Цените му стартуваат од примамливи 30 илјади евра за кои се добиваат пет метри должина, два широчина и меѓуоскино растојание од малку над три метри. Произлезен од концептот ID.Evo има невообичаен дизајнерски израз доста различен од препознатливите форми типични за моделите на Volkswagen.
Основната верзија е со еден електромотор од 313 коњски сили назад а изведбата со погон на сите четири тркала располага со 503 коњи. На купувачите на располагање им се две батерии кои овозможуваат автономија од 630 односно 730 километри. Безбедносниот пакет е сеопфатен а опременоста на кабината привлечна за кинеските клиенти – располага дури и со мал ладилник. Иако некои би посакале Европа не е во плановите за негов пласман – развиен е само за Кина како дел од стратегијата на Volkswagen за задржување на позициите на најконкурентниот пазар за електрични возила во светот.


