Leapmotor – Амбициозен план со здрави основи

Leapmotor ги постави темелите за својата идна офанзива на европскиот пазар.

Бидејќи амбициите не се мали – се посакува продажба од сто илјади возила годишно, тие мора да бидат цврсти. Затоа и во Минхен е отворен истражувачки центар кој ќе ја даде потребната поддршка за експанзијата.

Неа на своите плеќи најмногу ќе ја понесе моделот B10, предвиден да се произведува во Шпанија. Покрај досега познатата електрична верзија Кинезите ја претставија и изведбата со продолжувач на автономијата.

Овој компактен кросовер чија цена стартува од 30 илјади евра има 1,5 литарски бензински мотор кој служи како генератор за полнење на батериите кога тоа е потребно. Четирите режими на возење се прилагодени на различни услови за најефикасно користење на струјата складирана во релативно скромните батерии доволни само за 86 електрични километри.

Должината од 4,53 и меѓуоскиното растојание од 2.74 метри го сместуваат во најпопуларната европска класа возила каде со острата конкуренција ќе се бори и со префинетата и гостољубива атмосфера во внатрешноста.

Безбедноста ја гарантираат серијата системи и седумте воздушни перници а двата пакета опрема ги покриваат генералните очекувањата на европските купувачи. Точниот термин за пазарно лансирање сé уште не е познат.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER