Volkswagen – ID. Aero

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Електричниот Passat со домет над 600 км!

Преку студијата ID.Aero, Volkswagen покажува како ќе изгледа идниот електричен седан од високата средна класа.

Електричниот Passat ќе биде лансиран во Кина во втората половина на тековнава година, а моделот ќе излезе од производната лента во Емден за европскиот пазар од 2023 година.

Инаку, ID.Aero е вториот модел за глобалниот пазар, веднаш по ID.4, и ќе се нуди во САД, Европа и Кина. Се очекува производствениот модел да е поставен на модуларната платформа за електрични возила (MEB). Според тоа, би требало батеријата да има нето капацитет од 77 kWh и треба да овозможи 620 километри според WLTP благодарение на оптимизираната аеродинамика. Како „дете“ на платформата МЕВ, ID.Aero е дигитално вмрежен и неговиот софтвер може да се ажурира преку воздух. Дополнително, модуларниот систем овозможува повеќе внатрешен простор.

Визуелно, моделот долг пет метри е типичен претставник на семејството ID. Покрај студијата, Volkswagen веќе работи и на серискиот модел. Електричниот Passat како седан се покажува со камуфлиран преден дел со истакнати тесни фарови. Технички, Aero се базира на веќе постоечките модели поставени на MEB и реално е да се очекува да располага со неколку изведби со погон на задните или сите тркала, по примерот на ID.4. Во почетната изведба понудена е батерија од 52 kWh во, што е доволно за опсег од 345 километри. Електромоторот има 149 КС со вртежен момент од 200 Nm делува на задната оска.

Како модел со перформанси со иста батерија и ист опсег, има 170 КС и 310 Nm. Во ID.4 Pro, VW ја инсталира батеријата од 77 kWh, која овозможува 518 WLTP километри. Електричниот мотор создава 204 КС и обезбедува 310 Nm. Во верзијата GTX со погон на сите тркала има 299 КС или 220 kW од големата батерија. Моделот, внатрешно наречен „Aero B“, е интерпретација на одржливата иднина нудејќи повеќе простор, поголем опсег, повеќе забрзување и поголема максимална брзина. Но, Volkswagen нема на ова да застане.

Како што е познато брендот ги има регистрирано ознаките од ID.1 до ID.9, па за очекување е во следните неколку години да се претстават модели со адекватните ознаки. Најблиску до реализација е електричниот Passat кој најверојатно ќе ја понесе ознаката ID.6, потоа треба да настапат два мали електрични автомобили. Најверојатно ID.1 и ID.2 ќе дојдат во текот на 2024 година во која ќе се прикаже ID.8 како електричен еквивалент за VW Atlas.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 90.00 ден
  • еуросупер 98 - 92.00 ден
  • еуродизел Д5 - 90.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER