Камуфлираната каросерија го најавува првиот електричен караван со многу простор и висока ефикасност.

Volkswagen е еден од најуспешните производители на каравани во светот. Повеќе од 60 години во портфолиото на марката постојат овие практични и посакувани модели. Последната генерација на Passat, претставена неодамна, се промовира само во караванска каросерија, а сега пристигнуваат првите фотографии од ID.7 Tourer, неговиот електричен наследник. Еден од најголемите предизвици за Ев е автономијата. Благодарение на високата ефикасност добиена од софистицираната аеродинамика. Коефициентот на отпор на воздухот на ID.7 Tourer изнесува 0,24, незначително повеќе од онаа кај ID.7.

Како и сите досегашни каравани од Волфсбург ID.7 Tourer ќе го одликува многу простор во висококвалитетната внатрешност благодарение на долгото меѓуоскино растојание. Во кабината ќе има доволно простор за пет лица а волуменот на багажникот е 545 литри, сметан до висината на потпирачот за грб на задното седиште. Со преклопување, волуменот на товарниот простор долг речиси два метри може да се зголеми до 1.714 литри. Како и сите ID модели, новата форма на каросеријата на ID.7 се базира на платформата MEB, ќе се произведува во фабриката на Volkswagen во Емден. Дебито е закажано за следната година

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER