Електричен суверен
Кросоверот на струја му ја донесе петтата Светска титула на Volkswagen
објавено 21. април 2021
Овогодишниот победник од 24 иницијално номинирани кандидати. На врвот исплива во тесниот избор помеѓу Honda e и Toyota Yaris. Според правилата на изборот ”Светски автомобил на годината“ секое возило треба да исполни неколку услови. Пред сѐ, треба да се појави на најмалку на два од ”главните“ пазари на два континенти во период од 01.05.2020 до истата дата 2021 година, годишното производство да го надминува нивото од 10.000 примероци и мора ценовно да биде позиционирана под луксузната класа. Церемонијата на доделување на наградата е закажана за претстојниот Њујоршки мотор шоу. ID.4 ја прокнижи петтата круна за Волфсбург од каде излегоа претходните победници и тоа Golf два пати, во 2009 и 2013 г. и по еднаш Polo и UP! Жирито е составено од 93 новинари од 28 држави.


