Враќање на корените

Народното возило повторно ќе стане она што треба да биде

Електрификацијата ги направи автомобилите скапи и недостапни за повеќето купувачи. Тоа се должи на високата цена на батериите. Со своите вложувања во сопствени капацитети за правење на батерии VW отвора ново поглавие во својата историја.

Моделите од електричната понуда на волфсбуршкиот гигант со ознака  ID чинад повеќе од 40.000 евра па не чуди што Volkswagen (Народно возило) се одалечи од народот. Новиот шеф на компанијата, Томас Шефер, тоа сака да го смени и да ја врати марката на корените.

Во Хамбург ја претстави студијата на прифатлив електричен автомобил наречена ID.2all. Каросеријата со димензии на VW Polo и внатрешност како во Golf има опсег до 450 километри и, како што е најавено, ќе чини помалку од 25.000 евра.

На пазарот во Европа треба да пристигне во 2025 година, а ќе биде понуден и под беџовите на Škoda и Cupra. Се планира да има и кросовер верзија со иста големина. Веќе се гледа дека ќе има значително свртување во дизајнот. Досегашните електрични модели на VW не беа добро прифатени, па затоа беше прекомандуван Андреас Минд. Тој од Bentley е префрлен во Волфсбург и треба да го направи дизајнерскиот јазик посимпатичен и да се врати на докажаните вредности.

Целта на ID 2 е да ја продолжи и да ја надгради успешната приказна. Тоа е тешка мисија, бидејќи правење на електричен автомобил со прифатлива цена во денешни услови е скоро незамисливо. Главно поради високите трошоци за батеријата, возилата на електричен погон се многу поскапи од оние со класични мотори. Денес, батериите чинат помеѓу 110 и 140 евра по киловат час. Тоа значи дека батеријата од 77 kWh во ID 3 чини над 9000 евра.

Со цел сепак да ја достигне најавената цена од 25.000 евра за ID 2, VW ќе се потпира на сопственото производство на батерии. Кога автомобилот ќе излезе на пазарот, ќелиите од Салцгитер ќе бидат достапни. Во Долна Саксонија, VW поставува сопствено производство на ќелии со цел да ја намали својата зависност од азиските добавувачи. ID 2 треба да се произведува во шпанската фабрика на Seat во Маторел, поставен е на платформата МЕВ, а погонот е на предните тркала со максимална моќност од 166 kW.

Планиран е нов инфозабавен систем со екран на допир надополнет со класични прекинувачи. На претставувањето на студијата ID 2,  VW наговести дека подготвува мал електричен автомобил поевтин од 20.000 евра кого го планира за крајот на деценијата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER