Volkswagen Golf VIII » Премиерата сé поблиску

Top News Новитети

Премиерата сé поблиску

Сфаќајќи дека веќе нема смисла да го крие, Volkswagen започна да  се појавува во јавноста со потполно демаскиран Golf VIII

Објавено на 17 септември 2019 година

Препуштајќи го местото под рефлекторите на салонот на автомобилите во Франкфурт на Volkswagen ID.3, новиот Golf од осмата генерација трпеливо чека да дојдат и неговите 5 минути слава. Нема уште долго, бидејќи иако официјално не е закажана, таа ќе се случи наскоро можеби и многу побргу отколку што очекуваме. А дотогаш сé почесто ќе гледаме фотографии од него, и тоа без маскирање, бидејќи Volkswagen сфаќа дека веќе нема смисла да го крие. Она што вистински се крие е деталите како за техниката, така и за технологиите, иако и тие во голем дел се познати ама во едно воопштено издание. Сепак, ќе дојде ред и тие да се дознаат.

клучни зборови: ,