Во фабриката во Емден беше направена мала но значајна церемонија на која се одбележа важен јубилеј.
Семејството ID. од своето лансирање во 2020 година постојано расте, а на првенецот ID.3, кое беше првото возило на Volkswagen развиено исклучиво како електричен автомобил, една година подоцна му се придружи кросоверот ID.4, неговата купе верзија ID.5 и електричното комбе ID.Buzz. Најновите дополнувања на семејството се ID.7 и ID.7 Tourer, кој излезе во 2024 година. Воедно, ID.7 Tourer има најголем број регистрации во Германија во првата половина од 2025 година во класата на електрични возила.
Еден и пол милионитиот претставник на семејството ID е црн ID 7 Tourer Pro со стандарден опсег од над 600 километри и наменет е како службено возило. Фабриката во Емден е одличен пример за трансформацијата на Фолксваген. Во последниве години, Групацијата инвестираше над една милијарда евра во нејзино претворање во ексклузивно производствен погон за електрични возила. Освен Цвикау и Глезерне Мануфактур Дрезден, Емден е единствената фабрика на Фолксваген во светот посветена исклучиво на електрични возила. Други модели на ID. излегуваат од производствените линии во Хановер и Чатануга (САД), како и во Фошан, Чангша и Антинг (Кина).



