Volkswagen ќе затвора фабрики во Германија

За прв пат од 1988 година

Спротивниот ветер што дува низ пазарните пространства го принуди менаџментот на Volkswagen на интензивни мерки на штедење – до 2026-тата треба да се скратат пет милијарди евра. Констатирајќи дека финансиската дупка не може да се реши со вообичаените мерки за намалување на трошоците, производителот не исклучува затворање на некои од своите фабрики во Германија, за која како вели повеќе не е конкурентна како производствена локација. Тоа практично значи дека повеќе нема да ги гарантира работните места на околу 110.000 свои работници таму. Вообичаено, намалувањето на нивниот број ќе следи со делумно пензионирање и нудење отпремнина на оние кои ќе прифатат, но според аналитичарите овие мерки можеби нема да бидат доволни. За потсетување, компанијата порано се имаше обврзано дека до 2029-тата нема принудно да ги отпушта своите работници во Германија. Место тоа се разгледуваа други опции, како што беше затворањето на фабриката на Audi во Брисел, но очигледно тоа сега веќе не е доволно.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER