Volkswagen-Ford: Заеднички и електричните возила

Заеднички и електричните возила

Објавено на 7 јули 2019 година

Volkswagen и Ford полека ја обликуваат својата идна соработка – после доставните, заеднички ќе бидат и електричните возила. Според сé уште неофицијални информации, двете компании веќе имаат постигнато начелна согласност за размена на технологиите за електрични, но и автономни возила. Поточно, Volkswagen ќе ја сподели со Ford својата MEB електрична платформа, а Ford пак за возврат ќе им ги понуди автономните технологии. Со тоа сојузот меѓу овие два производитела се проширува и надвор од кооперацијата при производството на комерцијални возила. Од Ford ниту потврдија ниту демантираа дека е постигнат ваков договор, велејќи дека нивните разговори со Volkswagen продолжуваат, дека досегашните дискусии биле продуктивни во многу погледи и дека новостите ќе ги објават кога ќе бидат испрецизирани. Од Volkswagen пак одбија да коментираат било што, потврдувајќи само дека преговорите со Ford се одвиваат добро. Нови вести можеме да очекуваме веќе на 11-ти овој месец, кога надзорниот одбор на германскиот гигант ќе го разгледува продлабочувањето на соработката со Ford.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER