Volkswagen California – Трио со голем потенцијал за задоволство

Најпознатото камп возило во светот доби нова генерација во три изведби на опременост – Beach, Ocean и  Coast.

Volkswagen California кој сега е базиран на T7 Multivan ќе биде и првиот со хибриден мотор и погон на сите четири тркала.

Секој дел е редизајниран и задно со исклучително модерниот изглед сега има далеку повеќе простор благодарејќи на долгата шасија на својот донатор. Софистицираноста ја обезбедуваат клучните детали на овој модел како што се покривот на подигнување и внимателно испланираниот ентериер.

Двете лизгачки врати од страните овозможуваат лесен пристап, а петте основни верзии голем избор на секого според желбите и потребите. Дел од дополнителната опрема се и тендите за заштита од дожд или сонце, а место класична задна клупа можат да се добијат поединечни седишта.

Новост е и тоа што со сите функции на камперот може да се управува и преку апликација за мобилен телефон. MQB платформата на која е базиран обезбедува серија безбедносни системи и електроника за помош на возачот, вклучувајќи и полуавтоматско возење.

Моторите се познатите TDi и TSi од 150, 204 и 245 коњски сили, спарени со менувач со двојна спојка. Испораките ќе започнат есенва, кога ќе бидат познати и цените. Volkswagen досега има продадено 280.000 примероци од овој кампер.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER