Volkswagen Amarok – Премиум пик-апот пристигна во Македонија

Втората генерација на Amarok е возило за тешки терени и извршување уште потешки задачи

Продадените на 830.000 примероци низ целата планета наметнаа обврска новата генерација да биде уште подобра.

Дизајнирана и развиена во Германија и Австралија новата генерација на Amarok располага со преку 20 нови системи за помош на возачот, мобилни онлајн услуги, мотори кои се истовремено ефикасни и со висок вртежен момент, технологии за погон на сите тркала, прилагодена внатрешност и јасен дизајн на Volkswagen го прават новиот Amarok еден од најпознатите разновидни и одлично балансирани пик-ап возила во светот.

По конструкција со двојна кабина има четири врати. Со вкупна должина од 5.350 милиметри, новиот Amarok е 96 mm подолг од неговиот претходник додека  меѓуоскиното растојание од 3.270 мм претставува зголемување од 17,3 сантиметри. Зголемувањето на димензиите е во функција на зголемувањето на носивоста.

Така, новиот Amarok има носивост од 1,16 тони, а може давлече приколка со вкупна тежина од 3,5 тони. Со оглед дека веќе е на тест во Авто Магазин, набрзо ќе можете да ги прочитате нашите импресии од првото возење.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER