Volkswagen нова фабрика » Турција да, ама…

Турција да, ама…

Објавено на 2 септември 2019 година

Иако на големо се пишуваше дека одлуката каде ќе се гради новата фабрика на Volkswagen веќе е донесена, последните вести го демантираат тоа. Вистината е дека е одлучено да се започнат преговори со Турција, процес во кој Германците испорачаа низа барања. За да ја осигураат инвестицијата властите веќе се согласија на дел од нив, но се чини дека за најновото ќе дискутираат повеќе време. Имено, Турција има строг даночен режим за продажба на возила кој подразбира посебни давачки во висина од 45 до 60 отсто за автомобилите со мотори до 1,6 литри и до 100 односно 110 отсто за поголемите. Тоа според VW е пречка за успешно работење на фабриката, која властите мора да ја надминат внимавајќи да не ги доведат постоечките производители на автомобили – Fiat, Renault, Ford, Hyundai и Toyota, во неповолна положба.

А според нивните податоци, тие лани имаат произведено повеќе од 1,3 милиони возила, од кои од оние продадени на домашниот пазар 96% се со мотори помали од 1,6 литри. Што точно ќе произведува групата VW во Турција официјално не е објавено, но сите вести зборуваат за компактни SUV модели како Škoda Karoq и Seat Ateca.

Инвестиција која треба да отвори око 5.000 работни места се проценува на меѓу 1,3 и 2 милијарди евра. Се очекува производството да започне во 2022 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER