Volkswagen » Европјаните го чекаат Golf, Кинезите Viloran

Европјаните го чекаат Golf, Кинезите Viloran

Објавено на 24 септември 2019 година

Додека цела Европа со нетрпение го очекува датумот кога новиот Golf од осмата генерација ќе биде покажан, Volkswagen за Кина го подготви Viloran, нов моноволуменец кој ќе биде лансиран пред крајот на годината. Oсвен дека ќе има дизајн сличен на Touareg, за него малку се знае. Базиран е на MQB платформата и долг околу 5 метри, значи нешто повеќе од актуелниот Sharan. Судејќи според ознаката што ѕирка под цирадата, еден од моторите во понудата ќе биде 2,0 литарски турбо бензинец со 220 KS и 350 Nm. Не е докрај јасно дали Viloran ќе остане ексклузивен производ за Кина или пак ќе биде понуден и на некој друг пазар. Се проценува дека ќе чини околу 40.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER