Acura RDX :: Во одбрана на круната

Во одбрана на круната

Прецизноста во целокупниот пристап е една од карактеристиките на возилата на Acura
Објавено на 10 април 2018 година

Уште од своето основање во 1985 година луксузната филијала на Honda доста вешто ги проценува пазарните трендови и на Американците им го нуди она што го посакуваат. Но секогаш на малку повисоко ниво од конкурентите, заради што брзо го изгради имиџот и ја стекна довербата. Истата филозофија е применета и кај компактниот кросовер RDX, кој настапува во луксузната класа . Круната не можеше да ја освои заради Cadillac XT5 и Lexus NX, но стабилната продажба од преку педесетина илјади примероци последниве години беше доволна сатисфакција за неговата успешност. Acura RDXДоаѓањето на новата европска конкуренција од Alfa Romeo, Jaguar и Range Rover се поклопи со терминот за лансирање нова генерација на RDX, создавајќи прилика што во Honda ја искористија до максимум. Така новиот модел зрачи со стилски чисти линии кои ја навестуваат техничката надмоќ што се крие под 4,7 метарската каросерија. Премиум опкружувањето владее со внатрешноста опремена со многу повеќе додатоци отколку што Американците вообичаено очекуваат.

Иако со димензии слични на CR-V, од Honda тврдат дека Acura RDX е направена на сосема нова платформа. Фактот дека се произведуваат во истата фабрика во Охајо не го истакнаа. Моторизацијата им е сосема различна бидејќи новиот RDX ќе доаѓа со дволитарски турбо мотор со 272 коњски сили, 10-степена автоматика и напреден погон на сите тркала. Продажбата ќе стартува летово, без никакви најави дека RDX можеби ќе го премине Атлантикот. Сепак уверени сме дека и европските поклоници на Honda со задоволство би го прифатиле овој модел кој во САД се продава за околу 36.000 долари.

Acura RDX

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER