Ford Mustang Bullitt :: Во чест на Стив МекКвин

Во чест на Стив МекКвин

Покрај обновениот Edge и новата генерација на Ranger, Ford во Детроит претстави и носталгична верзија на Mustang
Објавено на 15 јануари 2018 година

Ford на салонот на автомобилите во Детроит во целост ја искористи предноста на домашниот терен – меѓу новитетите се најде и специјална изведба на Mustang со која Ford носталгично ја одбележува 50-годишнината од снимањето на филмот Bullitt со Стив МекКвин во главната улога. Во чест на оригиналот, модерниот уличен тркач има петлитарски мотор со 480 коњски сили спарен со мануелен менувач. Тие ќе го лансираат до максимални 262 километри на час со задоволство што ќе го почувствуваат лимитиран број купувачи. Карактеристика му е поедноставениот стајлинг без спојлери, посебни ознаки или графички елементи кои му го издаваат карактерот. Но него нема да може да го скрие продорниот звук што го произведува специјалниот издувен систем со регулација на нивото на бучава. Пакетот е заокружен со специјално опремена внатрешност, унапредено ослонување и 19-инчни тркала зад кои се кријат Brembo сопирачки.

Ford Mustang Bullitt

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER