Audi Q7 :: Виткиот горостас

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Виткиот горостас

Детроит му посака добредојде и на сосема новиот и многу полесен Audi Q7
Објавено на 22 јануари 2015 година

Првиот SUV на Audi кој се појави пред цели 10 години ќе остане запаметен по многу работи, меѓу кои не и виткоста. Иако со доста динамичен изглед, гломазниот кросовер тежеше повеќе од 2,3 тони. Секако, тоа не беше пречка моќните германски мотори да му дадат респектабилни асфалтни карактеристики, но времето на ваквите горостати едноставно помина. Сега во тренд се економичноста, еколошката коректност, современите технологии, лесните материјали… А Audi во својот арсенал адути од набројаното има сé.

Audi Q7Задржувајќи ја гломазноста единствено кај задниот дел, новиот Audi Q7 со својот стилски техно-дизајн јасно посочува дека е наново конструиран. Тоа се потврдува и кога ќе се ѕирне во техничките спецификации – новата платформа, употребата на разни материјали за телото и благо скратените габарити резултираа со заштеда на тежината за повеќе од 325 килограми. Импресивноста на оваа бројка ја покажува решеноста на марката да размислува однапред за времето кое допрва треба да стигне, заради што и напредните технологии што ќе се сретнат во новиот модел веќе се познати.

Audi Q7 и понатаму има место за седум патници, кои ќе уживаат во целиот раскош на повеќе од пет метри долгата и скоро два широката каросерија. Раскошни се и листите на сериска и дополнителна опрема, меѓу кои најлесно се уочува големиот 12,3 инчен TFT дисплеј кој ги заменува инструментите пред возачот. Виртуелниот кокпит е дополнет и со новоразвиена MMI all-in-touch контролна единица со свој засебен дисплеј поставен на врв на инструмент таблата, а на патниците на задните седишта ќе им бидат на располагање и 10,1 инчни таблети.

Оддавајќи чувство на еволутивно фазно поместен и по малку нереален модел, највозбудливите нешта на новиот Audi Q7 ќе му ги овозможат трилитарските TFSi и TDi V6 мотори со 333 и 272 KS. Освен со перформансите, тоа со што ќе се пофали новиот SUV е и зголемената економичност – за 28% кај бензинската и 23% кај дизел верзијата. Погонот на сите тркала се подразбира, а невообичаено Американците ќе го добијат и со четирицилиндричен дволитарски бензинец со 252 KS. Подоцна Q7 ќе биде достапен и во plug-in електро-дизел хибридна верзија со 373 KS наречена e-Quattro, а за некои пазари и со трилитарски TDi со скромни 218 коњски сили.

Audi Q7

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER