Вистински авантурист
Објавено на 23 мај 2018 година
Почетокот на мото-сезоната ги потврди очекувањата – новата Honda Africa Twin Adventure Sports е вистински хит меѓу мотоциклистите. Направена со фокус на теренското возење, но без да се наруши комфорот на долги асфалтни патувања. Стилските измени недвосмислено ја покажуваат неговата решителност, која паралелниот твин-агрегат ја дополнува со избалансирана испорака на сила. Има илјада кубни сантиметри работна зафатнина и 95 коњски сили, со кои Africa Twin ќе се справи со сите предизвици. Посебно верзијата со менувач со двојна спојка со шест степени на пренос кој одлично се согласува со олеснетата рамка. Располага со ABS систем кој посебно може да се исклучи само на задното тркало и режим за контрола на вртежниот момент. Минималниот оклоп со двојни ЛЕД светла ѝ дава оригинален изглед, а седиштата се подесуваат по височина. Резервоарот е голем, а таква е и тежината – цели 253 килограми.
Honda Africa Twin одамна го утврди својот статус како голем авантурист, кој на теренски услови се чувствува како дома. Adventure Sports верзијата ја подигна на ново ниво и ја предизвика фантазијата на купувачите склони на бескомпромисни авантури.
видео