Vinfast ќе донесе уште еден модел во Европа

Виетнамскиот производител на електрични кросовери уште годинава ќе го лансира на пазарот помалиот модел VF6

Vinfast е млада компанија која по своето деби во САД со четири модели, лани започна со своите активности во Европа. Рака на срце срамежливо, бидејќи првично е фокусирана само на Германија, Холандија и Франција. По започнувањето на продажбата на големиот VF8, годинава планира да го комерцијализира и моделот VF6 кого го класифицира во сегментот „Б“.

Како и поголемиот брат, компактот е дизајниран во Торино од страна  на реномираното студио Pininfarina. Првично ќе биде понуден во две нивоа на опременост „Launch Edition“ и „Plus“ со електромотор од 150 kW и 310 Nm. Се најавува и алтернативна „Eco“ изведба со намалена сила на моторот на  130 kW. Најверојатно, исто како од другата страна на Атлантикот,  тие ќе се „хранат“ од батерија со капацитет од 59 kWh. Производителот декларира автономија помеѓу 380 и 410 километри.

VF 6 опремен е со разни системи за асистенција на возачот и хед ап дисплеј.  Во кабината ќе доминира 12,9 инчен Full-HD екран задолжен за инфозабавниот систем. Vinfast веќе има партнерство со Bosch за пристап до 700.000 станици за полнење распространети во 30 европски земји.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER