Vinfast – LA 2021

Вести насловна

Официјалниот поход од Лос Анџелес

За само четири години Vinfast излегува на интернационалната сцена

објавено 19. октомври 2021

По првиот чекор кон Запад, на Саемот за автомобили во Париз 2018, виетнамскиот производител на автомобили Vinfast ќе ја започне интернационалната кариера на Меѓународниот саем за автомобили во Лос Анџелес (19-28 ноември). Vinfast, дел од конгломератот Vingroup, ќе претстави два кросовери со електричен погон на батерии VF e35 и VF e36. Виетнамците ја користат својата светска премиера како лансирање на пазарот во Северна Америка. Европа е во планот за следната година. VF e35, сместен во сегментот Д а VF e36 во сегментот Е. Двата имаат системи за асистенција на возачот, како што се предупредување за излегување од лентата на движење, систем за предупредување од судир, мониторинг на возачот и целосно автоматски асистент за паркирање. И двата модели имаат инфо -забавен систем со гласовна контрола за функциите на возилото и виртуелен асистент за услуги. Vinfast е основана во 2017 година. Приватната компанија работи со фабрика во Хаифонг, Виетнам, со производствен капацитет од 250.000 автомобили и 500.000 електрични скутери годишно.

This slideshow requires JavaScript.