VinFast – Трет производител според вредноста на акциите!

Само две недели откако стапи на њујоршката берза виетнамскиот производител на електрични возила стана трет по  вредност производител на автомобили на планетава.

VinFast првпат започна со тргување на берзата NASDAQ на 15 август со почетна цена од 22 долари по акција. Цената брзо порасна до вредност од 38,78 долари, пред да падне на 13,94 долари во истата недела. Сепак, во понеделник, 28 август, цената се искачи на 89 долари. Изразено во бројки VinFast вреди 200 милијарди долари, што го прави трет највреден производител на автомобили на светот, веднаш зад Tesla и Toyota, со што вкупна вредност е повисока од онаа на GM, Ford, VW или Mercedes-Benz, па дури и вреди повеќе од Goldman Sachs и Boeing! Секако, има некои предупредувања за тоа вреднување. Како прво, споменатите компании имаат многу посигурни цени на акциите. Од друга страна, основачот на VinFast, Фам Нахат Вуонг, сè уште контролира 99,7 отсто од акциите на компанијата.

Тоа значи дека само мал дел од акциите им се достапни на инвеститорите, што дава впечаток на нестабилност. Покрај тоа, постојат сериозни прашања во врска со способноста на производителот на автомобили да се натпреварува на големите пазари како САД. Иако VinFast докажа дека всушност може да произведува големи количини на електрични возила, тој успеа да продаде само 137 возила во Америка оваа година. Иако би било песимистички да се сугерира дека производителот на автомобили е осуден на неуспех, се чини дека неговата цена на акции нема врска со тоа колку се реални неговите шанси за успех. Тоа доведе до тоа некои експерти да ги прогласат перформансите на акциите за „балон“ што може да пукне во секој момент.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER