Видео како Tesla Model S се краде за пар секунди

Видео како Tesla Model S се краде за пар секунди

Напредокот си има своја цена, која некогаш не е видлива на прв момент. Таков е заклучокот од фактот дека и покрај мноштвото безбедносни системи, Tesla Model S може да се украде за само неколку секунди. Тоа го докажаа група белгиски истражувачи од универзитетот Левен кои пронајдоа начин да го клонираат неговиот електричен клуч. Демонстрацијата ја одржаа на конференцијата за компјутерска безбедност и индустриска криптографија во Амстердам со помош на уреди кои можат да се купат во секоја подобро снабдена продавница за електроника или на интернет за околу 600 долари. Тие исто соопштија и дека за ова Tesla е известена уште во август 2017 година. Американската компанија им се заблагодарила со 10.000 долари награда за нивниот труд, но сé до јуни годинава не го поправила пропустот кај своите автомобили. Единственото оправдување што го има Tesla е дека всушност тие не се виновни за овој пропуст туку англиската фирма Pektron која го произведува споменатиот клуч, заради која на удар се и други производители на возила кои ги користат нејзините производи.

Најевтината изведба на Tesla Model S чини 80.000 долари. Од 2011 година досега во САД се украдени 138 возила од овој модел, од кои сите освен 3 се пронајдени и вратени на сопствениците. Во САД годишно се крадат повеќе од 765.000 автомобили, односно еден на секои 41 секунда. Од нив се пронаоѓаат само околу 58%.

видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER