Било што да е, само пикап да е

Сте се запрашале ли зошто Американците толку многу ги обожаваат пикапите кои веќе со децении царуваат на пазарот?

Истото ги мачи и аналитичарите кои не може да дојдат до веродостоен одговор дури и по испитувањето на 250 илјади нивни купувачи. Причините што тие ги наведоа зошто се одлучиле за пикап а не за теренец или пак не даj боже седан ниту се практични ниту пак логични – цели 90 отсто од нив никогаш не ги користат за работа, возење по терен или пак за влечење приколка. Најблиску до вистината е дека скоро 40 отсто од испитаниците признаваат дека ги возат исклучиво од задоволство, што укажува на тоа дека пикапите всушност се статусен симбол.

Сепак ако подетално се погледнат податоците од истражувањата ќе се забележи дека колку се пикапите поголеми толку повеќе се користат за она за што се наменети. Покомпактните пак служат исклучиво за претставување на американскиот начин на живот. Бројките малку ги реметат електричните пикапи кои во скоро две третини од случаите барем еднаш месечно се користат за некаков вид на превоз, но нивниот број сé уште е мал за да има некакво влијание.

За жал ваквиот тренд има и мрачна страна – пикапите заедно со теренците со својот масивен преден дел за 45 отсто почесто предизвикуваат смртни последици при несреќите со пешаци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER